среда, 30 октомври 2024

Со есенската потрошувачка кошница се стабилизираа и се намалија цените, тврди Ристески

Есенската потрошувачка кошничка даде добри резултати. Направивме стабилизирање и одредено минимално намалување на цените за разлика од претходните години кога имаше зголемување, оцени вечерва заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„На 43 прехранбени производи кои влегуваат во вкупната синдикалната кошничка има намалување од 965 денари и самите синдикати, господинот Трендафилов кажа дека кошничката си ја постигната намената, но таму има едно евро намалување бидејќи имаме зголемување во други делови како облека, обувки, угостителски услуги“, рече Ристески во гостување на Сител.

Синдикалната кошничка, појасни, има вкупно 43 прехранбени производи кои влегоа по автиоматизам во есенската кошничка, но во есенската има 73. Ако земеме 960 денари отприлика 1.000 денари од синдикалната наспроти есенската кошничка просекот би бил 1.200 до 1.500 денари.

„Можеби луѓето очекуваа драстично намалување, но нашата цел беше стабилизирање на цените, инаку ќе беа многу повисоки“, наведе заменик-министерот за економија и труд.

Во наредниот период, дополни тој, со следни мерки Владата ќе се потруди да има и поголеми намалувања кај одредени производи.

„Сега кај одредени можеби имаше намалување од два-три денари, кај некои немаше, а кај некои намалувањето беше и до 30 проценти“, наведе Ристески.

Мерката, како што посочи, е одлично донесена, имало одредени трговци кои сакале да ја изиграат, но изрази надеж дека Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во претходниот период сериозно си ја вршел работата и во одредени моменти настапил со казни кои не биле мали.

„Се надевам дека ДПИ и во иднина ќе има многу поголема контрола и ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи за да можеме да ги регулираме цените со цел заштита на стандардот на граѓаните. Од вчера има нов директор така што се надевам и дека можеби и мерките ќе дадат подбри резултати, ќе видиме“, рече Ристески.

Според Ристески, со владината мерка за ограничување на профитната маржа за училишниот прибор, имало намалување на цените за 25 до 35 проценти или од 750 до 2.000 денари по семејство зависно кој колку трошел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ