петок, 18 октомври 2024

Со цистерни се мијат улиците во Кисела Вода

Започнавме со миеење на улиците во Кисела Вода, ефикасна и потребна мерка за одржување на чистотата и хигиената, заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на квалитетот на животот во нашите населби и населени места, објави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Со миењето на улиците се отстрануваат насобраните нечистотии, прашина и отпадоци.

Ова не само што придонесува за поубав изглед на урбаните средини, туку и го намалува ризикот од респираторни заболувања предизвикани од вдишување на прашина и други алергени.

Дополнително, истото помага во спречување на ширењето на штетни бактерии и вируси, особено во топлите месеци кога тие се размножуваат побрзо.

Ова е особено важно за заштита на здравјето на најранливите категории на населението, како што се децата и постарите лица.

Покрај тоа, цистерните со вода го разладуваат асфалтот, што е посебно важно во овој период кога температурата секојдневно надминува 40 степени.

Одржувањето на хигиената е поставено високо во мојата стратегија на делување и вквите и слични мерки ќе продолжат и во наредниот период“, напиша Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ