петок, 18 октомври 2024

Со цистерни ќе се носи вода во штипските населби

Штипските населби кои веќе втор ден немаат вода за пиење поради изведба на нова водоводна линија, денеска со вода ќе се снабдуваат од цистерни на ЈП „Исар“-Штип. Во соопштението кое денеска го објави ЈП „Исар“  ги известува граѓаните дека на неколку локации во градот ќе бидат поставени цистерни со вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 10:15 часот до 10:45 цистерна со вода ќе биде поставена кај Паркот на Фармација, од 11:00 до 11:30 часот кај Елкос, од 12:00 до 12:30 часот во Пребег и од 12:45 до 13:15 часот во Ново Село. Поставувањето на цистерни со вода е со цел да им се обезбеди вода на граѓаните се до целосно нормализирање на водоснабдувањето во градот“, се вели во соопштението на ЈП „Исар“-Штип.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип Кирил Зајков се извинува на граѓаните кои немаат вода за пиење поради пролонгираните градежните активности на терен.

Во текот на денот ќе информира за состојбата и кога поголем дел од населбите ќе добијат вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ