недела, 14 јули 2024

Со „Балконот“ и „Женска гаредроба“ продолжува фестивалот „Војдан Чернодрински“

Објавено на

часот

Сподели

Двете претстави отворааат прашања, едната за општествените, а другата за состојбите во семејството со траумите од детството. Ова беше речено на разговорите на тркалезната маса за претставите:„Циркус Пирандело“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, во продукција на Струмичкиот театар и „Човек перница“ во режија на Сибел Абдиу на Турски театар од Скопје.

Публиката која го следи Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој од 9 до 16 јуни се одржува во Прилеп, претпладнето во киното „Мис Стон“ уживаше во претставата од театарската работилница на Фестивалот и програмата насловена „Чернодрински за деца“.

Учениците од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ ја изведоа својата претстава, работена со наставничката Билјана Тинтовска, а под менторство на режисерот Милош Андоновски.

Вечерва на програмата на Фестивалот се уште две претстави во официјалната програма и со нив пред публиката ќе се прикажат осум од 10-те претстави на македонските професионални театари.

Од 19:30 часот во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Балконот“ во режија на Арбен Кумбаро, а во изведба на Албански театар од Скопје.

Од 22 часот во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, театар „Комедија“ од Скопје ќе ја изведе претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ