петок, 18 октомври 2024

Со 29 претстави и други настани ќе се одржи 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ

МКЦ го најави 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од 8 до 18 ноември, со вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас предавања. 

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот се отвора со домашна продукција – претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Од италијанскиот хуманизам, следниот ден на сцена го гледаме рускиот реализам, „Браќа Карамазови“, претстава со која режисерот Оливер Фрљиќ, по девет години се враќа на сцената на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ. Претставата е работена во два дела, како две засебни претстави, заедно заокружувајќи се во една претстава. Па така, публиката ќе има можност да одбере дали ќе го гледа првиот, вториот или двата дела. 

с

Достоевски е мотив и за крајот на вечерните театарски продукции, каде што ќе го погледнеме „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српски народен театар од Нови Сад, Србија.

МОТ ја продолжува минатогодишната иницијатива за поддршка и промоција на домашната независна сцена.

д

„И оваа година МОТ ја доделува наградата БИШ, иницијатива која ја започнавме минатата година, како дел од нашите заложби за поддршка и промоција на домашната (пред сè) независна сцена. На отворениот повик се пријавија 25 театарски претстави од домашната независна продукција, а на фестивалот ќе бидат прикажани шест селектирани претстави.  Оценувањето на претставите го прави тричлено меѓународно жири“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

Како дел од ова програма, премиерата ќе има и претставата „Поол“ во режија на Шенај Мандек, а во копродукција меѓу минатогодишните добитници на наградата БИШ 2022 Артопиа и Хибрид.

м

Пред публиката ќе биде прикажана и претставата „Геа“ во продукција на ErosAntEros од Италија, меѓународна копродукција во која учествува и МКЦ/МОТ фестивалот, а која е реализирана како најдобар проект на EFFEA програмата за 2023 година. Во рамките на официјалната програма се уште и продукции од Естонија, Словенија, Германија, Чешка, Турција и Македонија.

д

При крајот на фестивалот, како потсетување на сцената во Железничката зграда во Скопје, ќе биде претставен перформансот/инсталацијата „Градот како сцена II – приказна за шетачот“, како продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон на Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ