Барселона вечерва требаше да ги одмери силите против Осасуна во рамките на 27. коло во Ла Лига, но на 15 минути пред стартот пристигна вест дека натпреварот е одложен.
„Каталонците“ побарале вечерва да нема фудбал поради смрт на човек од таборот, односно докторот Карлес Мињаро.
Во моментов нема многу детали, медиумите велат дека тој утрово нормално ги извршувал своите работни обврски и бил во хотелот со фудбалерите како дел од карантинот пред натпреварот.