сабота, 19 октомври 2024

Сменет претседателот на Претставничкиот дом, првпат во историјата на САД

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за смена на неговиот претседател, републиканецот Кевин Мекарти.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесе Ројтерс, ова е првпат во историјата Конгресот да гласа за смена на претседавачот, со 216 гласа „за“ и 210 „против“.

Иницијативата за сменување на Мекарти ја покрена неговиот партиски колега Мет Гејц.

Ниту еден претседател на Претставничкиот дом на САД никогаш не бил сменет од неговите колеги конгресмени.

Според американскиот Устав, претседателот на Претставничкиот дом е втор во редот за сукцесија за претседателската функција по американскиот потпретседател, тој или таа ги поставува законодавните приоритети на долниот дом на Конгресот, ги контролира задачите на комисијата и може да прекине или да влијае на врз некоја агенда на Белата куќа.

Гејс од јануари се закануваше дека ќе го собори Мекарти, кога го предводеше партискиот бунт против кандидатурата на Мекарти, конгресмен од Калифорнија, за местото претседавач, принудувајќи го да издржи 15 исцрпувачки круга гласање.

Тензиите меѓу двајцата републиканци зовреа во текот на викендот откако спикерот Мекарти, поддржан од демократите, ги освои потребните гласови за усвојување на нацрт-законот за привремено финансирање на владините агенции.

Сепак, со договорот за буџетско финансирање постигнат доцна во саботата не беа одобрени средства од 6 милијарди американски долари за финансирање на официјален Киев, бидејќи конгресменот Гејс од Флорида и другите ултраконзервативци инсистираа дека САД потрошиле премногу пари за војната на Украина со Русија.

По декларацијата, Мекарти го назначи конгресменот Патрик Мекхенри, републиканец од Северна Каролина, за вршител на должноста претседател додека не се избере нов лидер на Претставничкиот дом, пишува Гардијан.

Некои членови на републиканскиот дом го осудија Гејц пред гласањето за смена на Мекарти, нарекувајќи го „агент на хаосот“ и „лажго“ во интервјуата за Си-ен-ен и изразувајќи загриженост дека маневарот може да ги чини републиканците нивното мнозинство во Претставничкиот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ