петок, 18 октомври 2024

Словенија од денес е членка на Советот за безбедност на Обединетите нации

Словенија денес официјално го почна мандатот на непостојана членка на Советот за безбедност, кој трае до 31 декември 2025, а утре практично ќе го почне одлучувањето за прашањата за светскиот мир и безбедноста бидејќи Палатата на народите е празна на 1 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за надворешни работи Тања Фајон на почетокот на мандатот најави дека тоа е голема прилика, но и одговорност, бидејќи и покрај глобалната поврзаност и меѓузависност, актуелната ситуација во светот е „предизвикувачка и сложена“.

„Поради тоа особено ќе се трудиме да бидеме бранител на мирот, напредокот и безбедноста“, кажа таа.

Премиерот Роберт Голоб смета дека Словенија својот мандат го почнува во време на сè поголеми кризи и предизвици во меѓународната заедница, поради што нејзината улога на членка е уште поважна. Советот за безбедност на ОН е најважното тело на светската организација која одлучува за прашањата на меѓународниот мир и безбедноста.

Советот за безбедност има 15 членки, од кои 5 постојани (САД, Кина, Русија, Британија и Франција), десет избрани со мандат од две години, од кои пет секоја година бира Генералното собрание на ОН. Ова е второ членство на Словенија во Советот за безбедност, каде веќе беше во 1998 и 1999.

Приоритети на дејствувањето на Словенија во Советот за безбедност, кои ги потврдија владата и парламентот, вклучуваат превенција на конфликти, заштита на цивилите во оружените конфликти, вклучување на жените во процесите на превенција и решавање на конфликтите и климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ