среда, 25 септември 2024

Словенија го повика израелскиот амбасадор на разговор: „Израел го ескалира насилството“

Словенечкото министерство за надворешни работи денес го повика израелскиот амбасадор на разговор, поради нападите во Либан во кои загинаа повеќе од 500 луѓе, кажа министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извори во словенечкото министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.

Како што кажа министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Кажа дека Израел „го ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот брег.

„Словенија ќе направи сè што е во нејзина моќ, со почитување на меѓународното право и, нормално, Повелбата на ОН“, најави таа.

Додаде дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговараат за тоа што уште може да се направи.

Постојаната членка на Советот за безбедност на ОН, Франција, побара денес итна средба на тоа тело откако Израел го изврши најсилниот бран воздушни напади на иранската паравојска Хезболах во Либан во последните неколку децении, во кој се убиени стотици луѓе, меѓу кои и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ