недела, 20 октомври 2024

Словенија ги враќа парите и ги брише досиејата на лицата кои масовно ги казнуваше за време на ковид

Објавено на

часот

Сподели

Би-би-си пишува дека овој случај стана симбол на суровиот начин на кој властите ги спроведуваа ковид мерките. Меѓутоа, сега тој возач ќе ги добие своите пари назад и ќе му биде избришано полициското досие. Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките за време на пандемијата.

Полицијата изрекла казни во вредност од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години, но од оваа недела стапува на сила законот за враќање на овие пари. Со ова се исполнува ветувањето дадено од премиерот Роберт Голоб пред неговото Движење за слобода, партија на левиот центар, да биде избрана минатата година.

Претходната администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање. На Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од своите локални области, а полициски час беше во сила ноќе.

Гладниот доставувач беше само еден од многуте казнети поради прекршување на обврската за носење маска за лице, која се однесуваше на отворени простори, но и на внатрешноста на одредени објекти. Речиси беше невозможно да се вршат секојдневни активности без ковид сертификат.

Уставниот суд ги укина сите овие мерки. Но, на властите им требаше се до сега за да ги поништат изречените казни. Екологот Рок Розман, кој повеќепати бил казнуван за учество во протести, смета дека е донесена вистинска одлука.

„Уредбите со кои тие изрекуваа казни не беа засновани на законот. Владата го знаеше тоа – и ако тоа значи дека сега треба да ги вратат парите, така оди тоа. Ако живеете во земја со владеење на правото, тоа треба да важи за сите“, рече тој.

Ова гледиште го дели и сегашната администрација. Министерката за правда Доминика Шварц Пипан рече дека враќањето на парите ќе помогне да се обнови довербата на Словенците во владеењето на правото, „кое беше значително нарушено од употребата на прекумерна и неуставна репресија за време на пандемијата“.

Сепак, законот за реституција не беше општо поздравен. Еден претставник од Словенечката демократска партија на Јанша смета дека враќањето на казните „плука во лице на сите оние здравствени работници кои неуморно се бореа за животите на своите сограѓани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ