недела, 20 октомври 2024

Словенците воведуваат големи промени во сообраќајот

Објавено на

часот

Сподели

Словенечкиот парламент едногласно ја усвои Резолуцијата за националната програма за безбедност на патниот сообраќај за периодот од 2023 до 2030. Мерките би требало да обезбедат до 2030 на патиштата да не загинат повеќе од 50 луѓе и во несреќите да не бидат повредени повеќе од 400 луѓе.

Во следните години резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата за дополнително да се промовира безбедно користење на јавниот превоз, пешачењето, велосипедизмот и другите облици на мобилност. Воедно се планира и проширување на зоните со најголема дозволена брзина до 30 километри на час и областите на насочен сообраќај, особено во близина на училиштата, градинките, на сообраќајните јазли и во населбите.

Се планира и инспекциски надзор и оценка на безбедноста на училишните рути, воспоставување на проценка на безбедноста на националните велосипедски патеки, постепено обновување на законската регулатива во проектирањето патишта и испитување на состојбата на сообраќајната сигнализација и рекламните паноа со цел воспоставување минимална и јасна сообраќајна сигнализација без непотребни елементи.

Освен тоа, резолуцијата предвидува заострување на законот за повторувачите на делата и можност за кревање на казните за предизвикување тешка сообраќајна несреќа поради алкохол или дроги од 13.500 евра на 130.000 евра.

Се предвидува и снижување на концентрацијата на алкохол во крвта на 0,0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ