понеделник, 28 октомври 2024

Словачкиот премиер: Влезот на Украина во НАТО – гаранција за Трета светска војна

Влезот на Украина во НАТО би предизвикал глобален конфликт и е сигурна гаранција за Трета светска војна, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ги разбирам желбите на Украина, таа е суверена земја, но членството на Украина во НАТО е сигурна гаранција за Трета светска војна“, рече Фицо во видео на Фејсбук, пренесува Политико.

Неговиот коментар следуваше неколку часа откако словачката делегација на самитот на НАТО во Вашингтон го поддржа заедничкиот став дека Украина е на „неповратен пат“ за приклучување кон алијансата.

Фицо изјави дека им наложил на претставниците на Словачка на самитот да повторат дека Украина може да влезе во НАТО само кога ќе ги исполни сите критериуми за членство и ако се согласат сите членки на алијансата.

Тој претходно изјави дека „многу би сакал да му се придружи“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан на неговото патување во Москва минатата недела за да го посети рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ