среда, 11 декември 2024

Словачкиот премиер: Стратегијата на ЕУ и САД за Украина не функционира

Објавено на

часот

Сподели

Фицо вчера ги прими амбасадорите на САД и на Русија во Словачка.

„Им ги објаснив на амбасадорите словачките приоритети, како и своето видување на војната во Украина, каде досегашната стратегија на ЕУ и САД очигледно не функционира“, кажа Фицо по состанокот.

Тој додаде дека Словачка треба да се подготви за периодот кој ќе следи по завршувањето на конфликтот во Украина и „стандардизацијата на словачко-руските односи“.

Фицо претходно изјави дека Словачка нема да ѝ пружа воена помош на Украина, што беше негово предизборно ветување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ