сабота, 19 октомври 2024

Словачка ја проширува забраната за увоз на украински производи

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа сме присилени да ја продолжиме забраната додека ЕУ повторно не го ограничи увозот“, кажа словачкиот министер.

Важечката забраната опфаќа само увоз на пченица, пченка, маслена репка и сончоглед и би требало да истече на крајот на годината. Владата сега на листата додала уште 10 земјоделски производи, вклучувајќи хмељ, мед и шеќер од трска и репка. Полска и Унгарија веќе воведоа слични ограничувања.

ЕУ на Бугарија, Полска, Романија, Словачка и Унгарија им одобри забрана за продажба на украинските производи на домашните пазари што би требало да спречи уривање на цените. Одлуката на ЕУ истече во септември, а Полска, Унгарија и Словачка ја продолжија мерката.

Украинските земјоделски производи и понатаму минуваат низ нивните територии, но со построга контрола. Во моментов околу 80 отсто од земјоделските производи кои би требало да се само во транзит остануваат во Словачка, а тоа им штети на словачките произведувачи, истакна Такач.

Украинскиот извоз преку пристаништата на Црно Море е значително отежнат од почетокот на конфликтот. Обединетите нации посредуваа во склучувањето договор кој требаше да гарантира безбеден премин за бродовите, но Москва летоска се повлече од договорот, истакнувајќи дека Западот не ги исполнил одредбите за рускиот извоз.

Украина сега житарките ги извезува главно преку Полска, Словачка, Унгарија и Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ