среда, 23 октомври 2024

Скопското обвинителство ќе истражува како затвореник до смрт претепал друг затвореник

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага против осуденик кој издржува казна затвор под соменение дека во мај годинава тешко повредил друг осуденик во затворот по што тој во саботата починал.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот, осуденик на издржување казна затворот во Идризово, Скопје, на 31 мај тешко повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни“, информираа од Јавното обвинителство (ЈО).

Оттамму велат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ