Според пријавеното, во периодот од февруари до 12 ноември 2024 година на социјална мрежа комуницирала со лице кое побарало од неа да купи мобилни телефони и да испрати пари за хуманитарни цели, по што парите ќе и бидат вратени.
„Како што е пријавено, таа во шест наврати купила шест мобилни телефони и преку брза пошта ги испратила на две лица од Гана и пуштила пари преку брз трансфер на пари на лице во Италија, но парите не и биле вратени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираше МВР.