понеделник, 28 октомври 2024
Обвинителтвото поведе постапка

Скопјанец му се заканувал со убиство на градоначалникот Јакимовски

Скопското обвинителство поведе постапка против скопјанец кој завчера му се заканувал на градоначачлникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Обвинителството побара од судот да бидат изречени мерки на претпазливост, меѓу кои е и забрана за доближуање и контакт со градоначалникот.

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело  – загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста“, се вели во соопштението на обвинителството.

Синоќа МВР објави дека на  4 октомври во 20..30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(60) од Скопје, „затоа што упатувал закани на С.Ј., градоначалник на една скопска општина“. Против него МВР поднесе кривична пријава..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ