сабота, 19 октомври 2024

Сите вмешани во упадот во М-НАВ се приведени, соопшти Јавното обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

„Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител“, соопштуваат од Обвинителството.

Инаку, претходно Кривичен суд соопшти дека е уважена жалбата на Јавното обвинителство за куќниот притвор што му беше определен на лицето Љ.Ќ. кој на 12 јануари беше приведен при обид за бегство во Косово и дека нему му е определен затворски притвор во траење од 30 дена.

По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, високиот функионер на ДУИ, Беким Незири, на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ