сабота, 2 ноември 2024
По жалбата на обвинителството

30 дена притвор определи судот за петтото лице вмешано во упадот во М-НАВ

Петото лице вмешано во упадот во Контролата на летање при М-НАВ доби 30-дневен притвор. Одлуката на Кривичниот суд е донесена откако е уважена жалбата на скопското обвинителство кое се жалеше на одлуката на судијата на претходна постапка кој на лицето Љ.Ќ. му имаше определено куќен притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на  Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ., за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова,
донесе решние со кое: Жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
Против ова решение не е дозволено право на жалба“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Инаку, претходно, со одлука на истиот суд во куќен притвор остануваат четворица од учесниците во упадот и физичкиот напад врз контролори, меѓу кои и високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.
Љ.Ќ. беше приведен на граница, во негов обид да замине во Косово.
Упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари.
По овие настани Владата донесе одлука за разрешувања во М-НАВ.
Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) во нов состав, го прифати предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела по комплетирањето на законските формалности.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ