Сите патници загинаа, беше речено на прес-конференцијата.
Пронајдени се пет делови од подморницата. Некои од нив ѝ припаѓале на капсулата што го одржувала притисокот внатре во подморницата.
Крајбрежната стража сѐ уште работи на расветлување на деталите за несреќата. Засега сè укажува на имплозија што се случила при спуштањето кон потонатиот брод Титаник.
Компанијата што управува со подморницата, Оушнгејт, рече дека верува дека екипажот на исчезнатата подморница е „за жал изгубен“.
BREAKING: A debris field has been discovered within the search area by a remotely operated underwater vehicle near the Titanic, the US Coast Guard has said.
Latest here: https://t.co/L29qKaj8nR https://t.co/NC1lU675bd
— Sky News (@SkyNews) June 22, 2023
„Нашите срца се со овие пет души и со секој член на нивните семејства во овој трагичен период“, напиша компанијата.
Пелаџик рисрч сервисис, компанијата чиј подводен дрон ги откри остатоците во близина на Титаник, на својата веб-страница објави дека е „фокусирана на семејствата на оние на Титан и нивната трагична загуба“.