вторник, 22 октомври 2024

Сите крштевки и венчавки на свештеникот Боро во Италија не важат

Објавено на

часот

Сподели

„Ги информираме излажаните верници да го контактираат единствениот канонски свештеник на МПЦ-ОА во Пјаченца, отец Климент Мишањ, или, пак, во епархиите на МПЦ-ОА во нашата татковина од каде што потекнуваат, да се крстат и венчаат во православната црква, оти не може во име на црквата да прави ништо оној што отпаднал и е надвор од црквата, како што е Боро Милчев. А, што се однесува до оние што свесно го креираат тоа расколничко дувло и го потпомагаат овој расколник, по соодветниот допис од Европската православна епархија на МПЦ-ОА, во нашата Црква ќе бидат третирани исто како и расчинетиот Боро Милчев, сѐ додека не се покајат и вратат во послушание кон МПЦ-ОА“, соопштува МПЦ-ОА.

Свештеникот бил расчинет уште во 2021 година, а пред Македонците во Италија се претставувал дека е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот архиепископ.

За МПЦ-ОА сѐ што направил Милчев во меѓувреме нема легитимност од црквата, односно децата што ги крстел остануваат некрстени, а венчаните остануваат невенчани.

„Со оглед на тоа дека многу од верните чеда од нашата епархија живеат и работат во Италија, во Пјаченца,и кои особено ова лето нѐ известуваа дека се изманипулирани од расчинетиот свештеник Боро Милчев, потребно е уште еднаш да ја кажеме вистината и да ги разобличиме лагите со кои овој човек, за жал отпаднат од црквата, го манипулира верниот народ. Една од најбесмислените манипулации со коишто се служи, е тоа дека тој е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со благослов на самиот архиепископ. Бидејќи не е првпат од овој расчинет и отпаднат од црквата човек да се злоупотребува името и авторитетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на верниот народ му предочуваме како навистина стојат работите во однос на расчинетиот Боро Милчев, секако потврдено со официјални документи од МПЦ-ОА.

п

Како што е познато, Епархискиот црковен суд на 19 мај 2021 година донесе одлука за негово расчинување, којашто на 23 септември 2021 година беше потврдена и од Архиепископскиот црковен суд, и најпосле беше потврдена и потпишана и од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Накратко кажано, што значи ова!? Значи дека сѐ што прави овој човек нема легитимност од црквата, од светиот дух Господ, кој ја оживотворува и устројува црквата. Кутрите деца што се ‘крстени’ од него остануват некрстени, венчаните остануваат невенчани, осветените домови се попрво осквернети отколку осветени, и тоа не само за МПЦ-ОА, туку и за сите останати помесни православни Цркви, несреќниот статус на овој човек е ист, бидејќи Црквата е една“, се вели во соопштението на МПЦ-ОА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ