Сирски рече дека во некои делови вооружените сили на Украина успешно извршуваат контранапади, соопшти прес-службата на вооружените сили на Украина.
Според Сирски, интензивните борби кај Бахмут продолжуваат, а руските сили извршиле голем број напади, обидувајќи се да ја пробијат украинската одбрана во неколку правци, но овие напади биле одбиени, наведува Интерфакс Украина.
Сирски ситуацијата во Бахмут ја оцени како комплицирана.