понеделник, 25 ноември 2024

Сирија: Девет загинати при руски воздушен напад на пазарот во Идлиб

Објавено на

часот

Сподели

Набљудувачката група на Сириската опсерваторија за човекови права објави дека тоа е најсмртоносниот руски напад оваа година. Уште две лица загинаа во воздушен напад во близина на градот Идлиб, се вели во соопштението. Руската армија сѐ уште не ги коментирала овие информации, пишува Би-би-си.

Воздушната кампања на руската војска беше клучна за свртување на граѓанската војна во корист на сириската влада. Сириското Министерство за одбрана соопшти дека нивните војници соработувале со руските воздухопловни сили во операцијата чија цел биле „штабовите и магацините на терористите“ во Идлиб и „елиминирале десетици терористи“.

Набљудувачката група на Сириската опсерваторија за човекови права додадоа дека нападите биле одмазда за нападите во кои загинаа цивили во провинциите Хама и Латакија, кои се под контрола на владата. Сириската опсерваторија објави дека од средата вкупно шест цивили се убиени во напади со дронови и артилериски напади на џихадистичките и бунтовничките групи.

Тие тврдат дека во истиот период, 15 цивили и четворица борци биле убиени во руски воздушни напади и владини артилериски напади. Белите шлемови, чии членови беа првите што одговорија по нападот во областите под контрола на опозицијата, соопштија дека повеќето од загинатите во близина на Џиср ал-Шугур се работници и земјоделци на пазарот за зеленчук лоциран веднаш до местото погодено од рускиот напад.

Белите шлемови објавија дека меѓу ранетите има и деца и дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи неколку лица се во критична состојба. „Нападите врз цивилите во Сирија продолжуваат со исто темпо, оставајќи ги Сиријците заробени во бесконечен циклус на трагедија и очај“, предупредуваат тие.

Повеќе од половина милион луѓе се убиени во конфликтот што избувна откако претседателот Башар ал Асад насилно ги задуши мирните продемократски протести во 2011 година. Идлиб е последното преостанато упориште на опозицијата и е дом на 2,9 милиони раселени лица, од кои многумина живеат во тешки услови во камповите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ