четврток, 24 октомври 2024

Синот на Трамп се потсмева со Зеленски по повлекувањето на Бајден (ФОТО)

Синот на Доналд Трамп, Доналд Трамп Помладиот, објави фотомонтажа од позадината на мобилниот телефон на Џо Бајден. На монтажата се гледаат пропуштени повици и пораки од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според фотомонтажата Бајден имал 52 пропуштени повици од Зеленски, а се гледаат и панични пораки. Синот на Трамп ја објави фотографијата со смајли, додавајќи ја кратенката „ЛОЛ“.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Потенцијалниот избор на Доналд Трамп би можел да бие многу лоша вест за Киев. Соединетите Американски Држави се главниот снабдувач на Украина со оружје, а тоа може да се смени ако Трамп се врати во Белата куќа/ „Кога и да дојде Зеленски во оваа земја, заминува со 60 милијарди долари. Тој е најдобриот трговец во историјата“, кажа претходно Трамп.

Американскиот републикански претседателски кандидат Трамп на својата социјална мрежа Трут сошал објави дека во петокот имал „многу добар разговор“ со Зеленски, Тој во објавата напиша и дека ќе ја прекине војната во Украина пред воопшто да ја преземе должноста во јануари, ако победи на изборите на 5 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ