недела, 20 октомври 2024

Синер во три сета го победи Рубљов и закажа полуфинале со Ѓоковиќ

Јаник Синер го надигра Андреј Рубљов и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен каде ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Синер го доби првиот сет со 6-4, а интересно беше во вториот во кој се играше тајбрејк. Во него Рубљов имаше водство од 5-1 и се чинеше дека лесно ќе го добие тајбрејкот, но следуваат шест поени по ред на Италијанецот за 7-5 и водство од 2-0 во сетови.

Во третиот сет Синер беше подобар со 6-3 и конечна победа од 3-0 во сетови.

Синер во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој претходно го совлада Фриц со 3-1 во сетови.

Утре на програмата се преостанатите две полуфинални двојки, Хуркач – Медведев и Зверев – Алкараз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ