среда, 27 ноември 2024

Синдикатот на војската се жали на намалени синдикални права

Во реакцијата на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ) на вчерашната конференција за медиуми на министерката за одбрана во врска со Законот за вработените во одбраната и за Колективниот договор се вели дека ниту едно од нивните барања не е прифатено.

Објавено на

часот

Сподели

Од НСПВ посочуваат дека имале едно барање за Законот за вработените во одбраната, а тоа е професионалните војници со високо образование да ги пополнат испразнетите места во МО, со што, како што наведуваат, ќе се вреднува и образованието и трудот на професионалните војници.

Колективниот договор, стои во соопштението од НСПВ, на хартија е едно, а во реалност е друга ситуација. Тие тврдат дека селективно се исплаќаат прекувремените и ноќните часови, нема хранарина, нема исплата на патни трпшоци, а има, се подвлекува во соопштението, намалени синдикални права за заштита на синдикалните претставници…

„На професионалните војници им е сопрена исплатата на опремнината за прекин на работниот однос по однос на наполнување на 45 години со изговор дека е изборен период“, се вели меѓу другото во соопштението од НСПВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ