среда, 11 декември 2024

Сиљановска очекува обвинителите да постапат по допрен глас по објавата дека Груби и Беџети се на црната листа на САД

Очекувам судот и јавниот обвинител да почнат да постапуваат. Не смееме како досега да останеме мирни, и така некои кои се нашле на црните листи да си продолжат со своите редовни активности. Ако јавните обвинители треба да постапуваат по допрен глас, треба да постапат и во случајов. Во спротивно, ние не реагираме тогаш кога мора и на тој начин го толерираме беззаконието, изјави денеска претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Таа вели дека случувањата со висока корупија се загрижувачки, бидејќи владеењето на моќни луѓе ги направиле слаби институциите, што е јасен показател дека се потребни итни реформи во правосудството.

Премиерот Мицкоски вели дека надградената црна листа со Груби и Беџети е доказ за тоа што тој и неговата партија го зборувале во минатото. Тој оценува дека обелоденување на корумпираните ќе има и во иднина.

„Mногупати во минатото зборувавме за сето ова за кое и официјално сега нашите стратешки партнери и меѓународната заедница го посочуваат. Можам да кажам дека во периодот што следува уште многу потврди на сето она што сме го имале како сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена“, рече Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ