сабота, 26 октомври 2024

Сијарто: Тешко е да се гледа како полската дипломатија тоне во кал од лаги

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, реагирајќи на ставот на заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Владислав Теофил Бартошевски, дека Унгарија треба да ги напушти ЕУ и НАТО и да формира сојуз со Русија, рече дека многу ја почитува полската дипломатија, па тешко му е „да гледа како тоне во кал од лаги“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто на Фејсбук напиша дека „по илјадити пат ќе повтори“ дека за време на неодамнешната мировна мисија, при која ја посети и Русија, премиерот Виктор Орбан ја претставувал Унгарија, а не Европската Унија, пренесува МТИ.

Според неговото мислење, „не е паметно да се зборува за изолација во случајот на премиерот и владата, кои се единствените во Европа што се способни да одржуваат односи и со Западот и со Истокот“.

Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Владислав Теофил Бартошевски, во неделата изрази сомневање за неопходноста од членство на Унгарија во ЕУ и НАТО, по изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека Варшава води лицемерна политика кон Москва.

Бартошевски рече дека не разбира зошто Унгарија сака да остане членка на организации што толку многу не ѝ се допаѓаат и праша зошто Орбан не формира унија со Русија.

„Тоа е вака: ако не сакаш да бидеш член на клуб, секогаш можеш да си заминеш“, додаде Бартошевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ