вторник, 22 октомври 2024

Сијарто: Соработката со Кина ќе биде цврста основа за економскиот раст на Унгарија

Економската, трговската и инвестициската соработка со Кина ќе обезбеди цврста основа за економскиот раст на Унгарија во наредните години, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто за време на неговата посета на Пекинг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека кинеските компании што се во првите редови на револуцијата во автомобилската индустрија ќе продолжат да инвестираат во Унгарија, пренесува агенцијата МТИ.

Според него, кинеските лидери го поддржуваат натамошниот раст на соработката за официјална Будимпешта, меѓу другото, натамошното зголемување на бројот на кинеските туристи што ја посетуваат Унгарија и уште повеќе унгарски прехранбени производи на кинескиот пазар.

Вредноста на сегашните кинески инвестиции во Унгарија изнесува 16 милијарди евра и директно отвора 25.000 нови работни места во таа средноевропска земја, додаде Сијарто.

Министерот истакна дека овие кинески инвестиции „ја претвораат Унгарија во еден од светските центри на глобалната автомобилска револуција и технолошка обнова“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ