недела, 20 октомври 2024

Си-ен-ен: 80 отсто од затворениците што Израел има намера да ги ослободи воопшто не се осудени

Објавено на

часот

Сподели

Откако ги анализираше имињата на 300-те затвореници што Израел ги стави на својата листа за ослободување, Си-ен-ен откри дека за 80 отсто од нив е наведен притвор – што значи дека тие не се формално осудени или дека против нив не е покренато обвинение. Си-ен-ен додава дека во последните два до три месеци речиси 9.000 Палестинци завршиле во израелските затвори.

Гардијан пред околу една недела напиша дека сите затвореници, освен четворица, на списокот за ослободување се од Западниот Брег и Ерусалим. Се додава дека Израел одбил да ги ослободи оние кои се осудени за убиство и дека повеќето завршиле во затвор или притвор поради фрлање камења, оштетување имот и контакти со „непријателски“ организации.

Меѓу нив има и лица со посериозни обвиненија – како нанесување повреди со нож или правење експлозив. Гардијан наведува дека многу од нив се во таканаречен административен притвор, што овозможува превентивно апсење врз основа на тајни докази и продолжување на затворската казна за шест месеци без обвинение или судење.

„Некои од списокот се осудени. Но, повеќето од оние што треба да бидат ослободени сè уште чекаат судење. Меѓу нив има и палестински жени и деца кои се наоѓаат во административен притвор“, рече Џесика Монтел, извршна директорка на ХаМокед, израелска организација за човекови права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ