недела, 27 октомври 2024

Си Џинпинг: Ограничувањето на пристапот до високата технологија нема да го сопре напредокот на Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг му кажа на холандскиот премиер Марк Руте, кој е во посета на Кина, дека сите обиди на Западот да го ограничи пристапот до технологијата нема да успеат да го сопрат напредокот на Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Холандија во 2023 година наметна услови за извозни дозволи за продажба на машини кои можат да прават напредни процесорски чипови. Овој потег следеше откако Соединетите Американски Држави на Кинезите им го блокираа пристапот до напредните чипови и опремата за нивно производство, наведувајќи безбедносни причини и ги повикаа своите сојузници да го направат истото.

Холандската компанија АСМЛ е единствениот светски произведувач на машини кои користат екстремна ултравиолетова литографија за производство на напредни полупроводници. Кина во 2023 стана вториот најголем пазар на АСМЛ, со 29 отсто од приходите бидејќи кинеските компании купуваа опрема пред барањето за лиценцирање да стапи на сила.

АСМЛ, најголемата холандска компанија, неодамна се закани дека ќе ја напушти земјата поради антиемиграциската политика која може да влијае на способноста на компанијата да ангажира технолошки таленти, оставајќи ги владините службеници да се борат за тоа компанијата да не ја напушти земјата.

Во извештајот на државниот емитер ЦЦТВ не е спомната машина за чипови, но е цитиран Си кој кажал дека создавањето научни и технолошки ограничувања ќе доведе до поделби и конфронтации.

Пекинг повеќе пати го обвинува официјален Вашингтон дека се обидува да го спречи кинескиот економски развој со ограничување на пристапот до високата технологија. Како своевиден одговор на тоа, Си почна кампања за развој на домашни чипови и друга висока технологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ