недела, 20 октомври 2024

Си Џинпинг: Односите меѓу Кина и САД се одлучувачки за иднината на човештвото

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави во Пекинг пред делегација американски сенатори дека начинот на кој Кина и САД ќе управуваат со своите односи ќе биде одлучувачки за „иднината“ на човештвото.

Објавено на

часот

Сподели

„Односите меѓу Кина и САД се најважни во светот. Начинот на кој Кина и САД се договараат во услови на свет полн со превирања ќе биде одлучувачки за иднината и судбината на човештвото“, рече Си Џинпинг пред шефот на демократското мнозинство во американскиот Сенат Чак Шумер, кој ја предводи делегацијата на сенатори во посета на Кина.

Американски сенатори се во посета на Кина како дел од дипломатското одмрзнување на односите меѓу двете светски сили.

Во текот на утрото, американската делегација беше примена од министерот за надворешни работи Ванг Ји кој рече дека се надева оти посетата ќе им помогне на САД подобро да ја разберат Кина, пообјективно да гледаат на кинеско-американските односи и да „управат порационално“ со постоечките разлики.

Кина и САД, кои се спротивставени по неколку прашања, го зајакнаа дијалогот во последниве месеци со серија посети на високи американски претставници на Пекинг.

Американската делегација денеска беше примена и од претседателот на кинеското Национално собрание Жао Лежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ