сабота, 19 октомври 2024

Швајцарија ја одржа една од најголемите воени вежби во последните три децении

Објавено на

часот

Сподели

„Подготвеноста на нашите партнери и разбирањето на населението во врска со овој тип вежби се многу променети“, изјави Матијас Тушер, командант на швајцарската Територијална дивизија 1 и посочи дека тоа е директно поврзано со војната во Украина.

Швајцарија веќе долго време е под притисок од западните земји да ја укине забраната за извоз на оружје во воените зони, но ова може да означи крај на нејзината политика на неутралност.

„Разбираме дека луѓето ја мешаат потребата да се поддржи земјата што е нападната и потребата да се чува место за агресорот, кога ќе дојде време, да дојде да разговара и да најде решенија. Нема ништо полошо од затворање на вратата. Швајцарија треба да претставува излезна врата која е секогаш тука. Таа врата мора да биде заштитена“, изјави Мауро Поџа, државниот советник во кантонот Женева задолжен за безбедност, население и здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ