понеделник, 28 октомври 2024

Шумски полицаец побарал 300 евра, полицијата го уапси, судот му одреди притвор

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не му изврши контрола на сведокот – референт за сеча и дотур во одредена фирма. Откако му ги побарал парите, сведокот го пријавил случајот. Врз основа на Наредба од јавен обвинител за примена на посебни истражни мерки, на сведокот му биле дадени обележани банкноти за да ја изврши исплатата. Веднаш по приемот на поткупот, парите биле пронајдени кај осомничениот и тој бил лишен од слобода“, информираа од Јавното обвинителство. 

Јавниот обвинител оценил дека постојат законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот полицаец. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ