недела, 14 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Што напишаа Ајанов и Хаџи Димов за Илинденското востание

Ова е само мал дел од мојот текст „’Преображенотоилинденско востание“ објавен во Зборникот „120 години од Илинденското востание“ во издание на Матицата на иселениците од Македонија.

Накусо.

Со потребата да се „побугари“ секакво чисто македонско дело, а со тоа и да се даде „тежина“ на „братското бугарско потекло“ на Илинденското востание, во 60-тите години на 20 век почнала отворена пропаганда за поистоветување на Илинденското со Преображенското востание. Она што било тогашен бугарски обид да им се објасни на Македонците во Бугарија дека се исти со Бугарите, денес станува смешен атак врз најчистото и најсветото македонско дело, Илинденското востание. Бројни се документите и спомените на учесници и во борбите при Илинденското и во борбите при Преображенското востание кои говорат за разликата меѓу нив. Но, таквите материјали, за оние кои Димо Хаџи Димов ги нарекувал „заслепени македонофоби“, до ден денешен се невидливи.

д

Еве што напишал учесникот во Преображенското востание Георги п. Ајанов (Г. п. Аянов, Преображенското въстание на тракийските Българи през 1903, „Работническо дело: орган на Българската комунистическа партия“ од 19. VIII 1950): „Но, ако автономијата, онака како што ја разбираше Гоце Делчев, беше погодна форма за управување на ослободена Македонија, за тракиските Бугари идејата за автономија беше сосема непопуларна. Поради историски, стопански и географски причини, тракијските Бугари го очекуваа своето ослободување преку присоединувањето кон општобугарската татковина... За кратко време – од 19 август до средината на септември – речиси целата востаничка област беше исчистена од непријателот и беше прогласена Странџанската република, слична на Крушовската република во Македонија“.

с

Секако, ова сведочење дава одговори на многу прашања, кои јас ги подвлеков во мојот текст.

Еве што напиша и Димо Хаџи Димов, Илинденец, револуционер, човекот во чии раце го положи животот апостолот Гоце Делчев. По повод 20-годишнината од Илинденското востание, Димов напиша:

„Илинденското востание е еден голем историски факт и најважната страница од историјата на македонското население низ годините, кога тоа премина од духовни борби кон револуционерни дела од чисто политички карактер.

За секој МАКЕДОНЕЦ, Илинденското востание претставува дел од сопствениот живот – толку тоа е сврзано со неговото паметење и неговата душа“.

с

Тексот го завршува со зборовите:

„Македонија има свој прв Илинден […] Таа ќе има и свој втор Илинден […] Сите да бидеме подготвени за Новиот Илинден, кој ќе стави крај на неспоредливото мачеништво на храбрата и достојна за својата слобода Македонија!“.

Овој текст е потпишан со псевдонимот на Димо Хаџи Димов – Илинденец, а тој сигурно би знаел дека доколку е исто важно или идентично, кон Илинденското би додал и преображенско, ама не запишал.

 

                                                                                                               Професор Катерина Тодоровска

 

КОЛУМНИ

Димитар Љоровски Вамваковски

Патот кон создавањето на македонската национална посебност

Ристо Цицонков

Пoлитичари, соблечете ги оделата кога е надвор жешко!

Рајко Пеколски

Нaјважната игра

Љубица Караманди Попчевски

Евроинтеграција: Клучни уставни промени за македонскиот пат кон ЕУ

Веле Митаноски

Македонците од Албанија ги предадоа политичарите од сите бои – овдешни...

Клементина Брзаковска

Симболиката на една ограда

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ