понеделник, 21 октомври 2024

Штипската обвинителка Колева Догазанска е новата членка на Советот на јавни обвинители

Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип е избрана за член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип, потврди претседателот на Изборната комисија, Влатко Георгиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Гласањето заврши во 16 часот, гласале вкупно 25 обвинители, од кои 19 за Јелена Колева Догазанска јавна обвинителка од ОЈО-Штип, потоа четири гласа за Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип и Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица добил два гласа.

„Нема неважечки ливчиња, нема забелешки за текот на гласањето од страна на кандидатите. Согласно Законот за Совет на јавни обвинители се смета за избран член на Советот, кандидатот кој добил најголем број на гласови во изборната единица и согласно оваа законска одредба и изборниот материјал којшто ни беше доставен констатиравме дека Јелена Колева Догазанска е избрана за член на Советот“, изјави за МИА, Георгиевски.

Јелена Колева Догазанска е родена на 22 мај 1978 година во Скопје. Правниот факултет го завршила во 2001, а правосуден испит положила во 2003 година. Во 2009 година ја завршила обуката на Академијата за судии и обвинители, истата година за првпат е избрана за јавен обвинител во ОЈО-Штип. Колева Догазанска доаѓа на местото на обвинителката Јасна Жежова на која и истекува мандатот на крајот на годинава.

Георгиевски вели дека во Советот на јавни обвинители со изборот на новиот член се пополнети сите места, но најави дека наредната година ќе биде изборна за четири нови членови во Советот на јавни обвинители затоа што тројца ќе одат во пензија, а на еден му истекува мандатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ