вторник, 23 јули 2024

Штетите од невремето во Делчево може да се пријават кај Комисијата за проценка

Објавено на

часот

Сподели

Образецот на пријавата за штета, како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево. 

„Кон пријавата во прилог потребно е да приложат копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето, копија од трансакциска сметка, пријава  и изјави за штети која можат да ја преземат од (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk)“, информираа од Општина Делчево.

Пријавувањето, како што додадоа, може да се врши во период од 10 дена.

„Пријавувањето до 22.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч.  За дополнителни информации можат да се обратите кај лицето Кире Цоневски на телефонскиот број 078/705-513“, додадоа од Општината.

Воедно, Општина Делчево отвори донаторска сметка за собирање средства во хуманитарни цели. Сметката е со број 7200140320785N3 и е објавена на општинската веб-страница, а средствата собрани на оваа сметка ќе бидат наменети за санација на штетите од природната непогода од поплави и град што го зафати Делчево на 8 јуни 2023 година во попладневните часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ