сабота, 26 октомври 2024

Наришкин: Французите ќе испратат 2.000 војници во Украина

Русија има информации дека Франција се подготвува да испрати воен контингент од 2.000 војници во Украина, изјави директорот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин, пренесува државната новинска агенција Тасс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сегашното раководство на Франција не се грижи за смртта на обичните Французи или за грижите на генералите. Според информациите од СВР, веќе се во тек подготовките за испраќање контингенти. Првично во него ќе има околу 2.000 војници“, рече Наришкин.

Според него, француската војска „стравува дека толку голема воена единица не може незабележано да биде префрлена и стационирана во Украина“. „Така, ќе стане легитимна приоритетна цел за напади на руските вооружени сили. Тоа значи дека ќе ја доживее судбината на сите Французи кои некогаш дошле во рускиот свет со меч“, најави тој.

Минатиот месец францускиот претседател Емануел Макрон не сакаше да ја исклучи идејата за испраќање европски трупи во Украина, иако предупреди дека „не е постигнат консензус“ меѓу сојузниците. „Ништо не треба да се отфрли. Ќе направиме сè што треба Русија да не победи“, рече тој.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска истакна дека испраќањето копнени трупи во Украина ќе предизвика ескалација „што треба да се избегне по секоја цена“. Официјален претставник на Белата куќа рече дека Соединетите Држави не планираат да испраќаат војници да се борат во Украина, како и дека исто така нема планови за испраќање војници на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ