среда, 27 ноември 2024
Лига на шампиони

Шпански судија објасни зошто ВАР не се вклучил и не го поништил голот на Де Брујне

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид требаше да добие аут, топката ја мина линијата, но судиите не досудија ништо. Тоа е грешка и тоа не е спорно. Но зошто не реагираше ВАР.

Поранешниот шпански судија, Итуралде Гонзалез за „Марка“ објасни зошто ВАР не се вклучи да провери.

„Топката излезе во аут, но таа акција не важеше затоа што Реал Мадрид во продолжението го врати поседот на топка преку Камавинга. Камавинга ја зема топката, а потоа ја даде на противникот и тука почнува друга акција. Поради тоа ВАР не смее да се вклучи во проверка на голот. Ако Камавинга не ја прекинеше акцијата, тогаш ВАР ќе стапеше на сцена, а во ваква ситуација почнува друга акција, но првата не може да се провери“, објасни Гонзалес.

Од ова произлегува дека грешката на судиите кои не досудија аут, не можела да биде корегирана со ВАР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ