вторник, 22 октомври 2024

Шоуто може да почне, Германија и Шкотска го отвораат 17. Европско првенство

Од денеска до 14 јули, фудбалот ќе биде во фокусот на европската јавност, со мечот меѓу Германија и Шкотска ќе биде означен стартот на континенталниот турнир кој ќе трае точно еден месец.

Објавено на

часот

Сподели

Кога се играат големите фудбалски турнири, светот запира, фокусот е кон топката која се тркала по теренот, овојпат тоа ќе се случува во Германија. 24 репрезентации ќе учествуваат на 17. Европско првенство.

Бранител на трофејот е селекцијата на Италија која пред три години на пенали ја совлада Англија на Вембли и го крена големиот трофеј.

На овој шампионат ќе има само еден дебитант, тоа е селекцијата на Грузија која успеа преку Лигата на нации да стигне до место меѓу најдобрите во Европа.

Натпреварите ќе се играат во десет градови. Смотрата ќе почне од Минхен каде вечерва од 21 часот на Алијанц Арена ќе се сретнат Германија и Шкотска, домаќини ќе бидат и Берлин, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург, Дизелдорф, Келн и Лајпциг.

Како главни фаворити се посочуваат Англија и Франција, тука е и домаќинот Германија, како и Португалија која има одличен состав. За селекции кои можат да изненадат од сенка важат Шпанија, Италија, Белгија и Холандија.

Од поранешна Југославија има дури три селекции, Србија, Хрватска и Словенија. Покрај Србите, на овој собир од нашите соседи учествува и Албанија.

Репрезентациите се поделени во шест групи со по четири селекции. Првите две од секоја група и четирите најдобро третопласирани одат во осминафиналето.

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија

Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија

Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија

Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција

Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина

Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка

Наградниот фонд останува ист како и на претходното Европско првенство, УЕФА ќе подели 331 милион евра. Од нив секој учесник има загарантирани 9,25 милиони евра, а максималната сума која може да ја заработи шампионот изнесува 28,25 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ