Шолц рече дека Германија решително ги отфрла сите еднострани обиди за насилна промена на статус кво ситуацијата во Источното и Јужното Кинеско Море, особено во однос на Тајван.
Тој истакна дека Германија е загрижена и за состојбата со човековите права и владеењето на правото во Кина, пренесе Ројтерс. Оваа недела, Шолц беше домаќин на голема кинеска делегација предводена од премиерот Ли Џианг на првиот самит меѓу двете земји по пандемијата.
Кина неодамна ги засили воените активности во близина на Тајван, според британската агенција.
Шолц пред парламентот ја повика и Турција да ѝ дозволи на Шведска да стане членка на НАТО, наведувајќи дека земјата треба да биде членка на следниот самит на Алијансата.