сабота, 26 октомври 2024

Шкотски навивачи го „окупираа“ Минхен, полицијата има полни раце работа (ВИДЕО)

Денеска почнува Европското првенство, а на отворањето играат домашната селекција Германија против Шкотска.

Објавено на

часот

Сподели

Каде и да игра Шкотска, има поддршка од своите верни навивачи кои насекаде одат во голем број, а особено на големите натпреварувања. Така е и сега.

Информациите велат дека има дури 200.000 шкотски навивачи во Германија, најголем дел од нив се без билет, но сакаат да бидат на местото на настанот.

Тие пеијат, пеат, а иако не се насилни, се случуваат и инциденти во кои полицијата и брзата помош имаат работа.

Еден од инцидентите се случил во метрото кога навивач на Шкотска паднал на глава и се здобил со повреди. По укажатана лекарска помош тој е во добра состојба.

Мечот меѓу Германија и Шкотска се игра на Алијанц арената во Минхен со почеток од 21 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ