сабота, 19 октомври 2024
Изјава на професорот по уставно право

Шкариќ: Амнестијата е од нужда, но се навлегува во судската власт и страдаат уставното и кривичното право

Оваа амнестија е од нужда, не од рационалност, зашто затворите се пренатрупани и се недоговорни лицата кои управуваат со нив, но страдаат уставното и кривичното право бидејќи Собранието навлегува во судската власт, вели професорот по уставно право д-р Светомир Шкариќ кој изјавата за новинарите ја даде пред почетокот на конференцијата „Предлог законот за амнестија и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на претходно осудените лица“ во организација на Македонското пенолошко друштво.

Објавено на

часот

Сподели

„И оваа седма по ред амнестија е од нужда, не заради рационалност. Затворите се пренатрупани, нема место за нови криминалци, затоа тоа го дозволивме, како и заради немарноста на одговорните лица за одржување на затворските услови. Но со амнестијата мора правото да страда, особено страдаат уставното и кривичното право. А зошто уставното право? Затоа што со амнестијата Собранието прешироко навлегува во судската власт, и тоа по кратка постапка. Веројатно и без поголема поддршка.

Парадокс е што паѓаат во вода долги судски постапки, некои и по 10 години, какви што ги бара правдата, во кои се водело сметка обвиниетиот да го искаже своето мислење, а судијата пак, врз основа на докази размислувал каква правосилна пресуда да донесе и, сега, одеднаш, правосилната пресуда паѓа во вода. Па дури и се има намера да се избрише. Целиот судски труд оди во вода. Законодавецот со такви закони го уништува судството.

Оттука мора многу да се внимава со секоја амнестија и со помилувањата. Се вршат такви промени во судската сфера кои се незамисливи. Тоа е голем удар за судството и за правниот систем. 

Само првата амнестија од 1998 година не беше од нужда, туку од политички причини за да можат коалициите да состават влада.

Амнестијата од 2001 беше изнудена од конфликтот. Но, таа амнесија со закон од 2002 година фактички беше бланко амнесија. Секој можеше да потпише бланко чек и да добие ослободување. Ете во каква состојба беше доведена Македонија.

Единствена оправдана амнестија беше во 2018 поради пропустите и прекршоците направени поради ковид – кризата. Потоа за другите нема оправдување. За другите амнестии немам оправдување и сум покритичен и од професорите по кривично право“, рече Шкариќ.

На прашањето зошто се дава амнестија, наместо проблемот да се реши со општествено корисна работа на осудените и обвинети лица, Шкариќ се согласи дека тоа е подобар избор.

„Да, тоа е добро решение и е правнички исправно. Но треба да се направат законски измени. За дело од 6 месеци затвор подобро е нешто корисно да се сработии наместо да се оди во затвор. Затворите се извор на криминал“, рече Шкариќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ