вторник, 8 октомври 2024
Гинисов рекорд за најскапата вода во светот

Шише вода продадено за 52.650 евра

Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52.650 евра. Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, на наддавање во ресторан во Мексико Сити го постави Гинисовиот рекорд за најскапа вода во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Ова посебно шише вода е наполнето од три извори на Земјата, т.е. три различни држави – Фиџи, Франција и Исланд… Но, и „секоја капка“, се вели – содржи „по три златни честички“ за да биде поалкална и поздрава од обичната вода.

Стакленото шише со 750 мл вода, прекриено со злато, пак, е дизајнирано според уметничките дела на италијанскиот уметник Амадео Модиљани. Дизајнот е потпишан од Фернандо Алтамирано, кој го осмислил и најскапото шише коњак во светот – „Дудоњон еритаж Анри IV“ (Dudognon Héritage Henri IV).

Средствата собрани од аукцијата беа донирани на Фондацијата „План-3-т“ (Plan3t Foundation A.C.), за борба против глобалното затоплување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ