Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 до септември 2023 и штетата на кинескиот сектор за производство на жестоки пијалаци во периодот од 2019 до 2023. Европските дестилерии продавале жестоки пијалаци со попуст од 30 до 39 отсто, објави министерството.
Здружението на произведувачи на коњак БНИЦ тврди дека во јануари попустот изнесувал 16,88 отсто и дека е „особено скромен во споредба со она што е општо прифатено како основа за антидампинг истрагата“.
Во јануари компаниите кои стојат зад марките Мартел, Реми контро и ЛВМХ добиле, според неименуван извор, повик да учествуваат во истрагата.
Произведувачите барале да се слушне и нивниот глас и ќе отидат на состанокот, кажа тогаш претставникот на здружението БНИЦ, додавајќи дека планираат да соработуваат и во иднина.
„Одлуката за нашата судбина ќе биде на крајот донесена во политичките преговори“, кажа тогаш неименуван извор, додавајќи дека произведувачите на коњак се „внимателно оптимистични“ пред разговорите на претставниците на Пекинг и Брисел во трговските спорови. ЕУ во меѓувреме воведе дополнителни царини на кинеските електрични автомобили, а кинеското министерство за трговија најави прелиминарни царини на увозот на жестоки пијалаци од ЕУ.