недела, 10 ноември 2024

Левица: Бараме отворена борба против регресивните политики на Владата

Наместо свикување на затворени седници зад очите на јавноста и првење политички дилови помеѓу партиите на власт и опозициските, Левица бара отворена борба против регресивните политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, кои за 100 дена власт, покажаа дека по најголем дел од параметрите се еднакви, па дури и полоши од владата на СДС и ДУИ. 

Објавено на

часот

Сподели

„Низ европските извештаи владеењето на СДСМ во последните седум години е окарактеризирано како стагнациско време, како време на уназадување на позициите на Mакедонија во поглед на интеграциите во ЕУ. Владата на СДС има пропуштено неверојатна прилика што се однесува до тие интеграции, затоа што ја имаа поддршката на меѓународната заедница, но импотентнаta дипломатија на СДС и ДУИ ни ги даде овие резултати. Затоа нашата порака е СДСМ да стане сериозна и да ја следи опозициската битка која Левица ја води против ВМРО-ДПМНЕ во ова собрание“, велат од Левица.

Потребно е да се спротивставиме на регресивните политики на владата на ДПМНЕ, ЗНАМ И ВРЕДИ кои удираат по работниците и по стандардот на живот на граѓаните, а не да му се даваат прилики за вакви гимнастики, додаваат од партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ