среда, 6 ноември 2024

Димитриевски: Тешко ми е да седам на клупа

Македонскиот голман, Столе Димитриевски летово направи трансфер во Валенсија, но работите за него не се одвиваат како што беше планирано.

Објавено на

часот

Сподели

Валенсија го донесе Димитриевски како замена за Мамардашвили, но грузискиот голман остана уште една сезона во тимот, па тој е прв чувар на мрежата, а Македонецот му е резерва.

„Десет години сум прв голман и поради тоа ситуацијата во Валенсија за мене е тешко да ја прифатам. Сега сум во положба да му помогнам на тимот на поинаков начин, бидејќи има многу млади играчи во соблекувалната. Целта е заедно да излеземе во кризата и да ги оствариме најдобрите резултати“, вели Димитриевски за весникот „Марка“.

„Се случуваат чудни работи во фудбалот, ми се случиле и во минатото. Мамардашвили остана, но јас дојдов каде што сакав да дојдам и работам напорно чекајќи ја мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе може да ми даде прилика и дека ќе стигнеме до победи за да ја избегнеме опасната зона“.

Во интервјуто Димитриевски зборуваше и за репрезентацијата.

„Мојот сон секогаш бил да бидам дел од едно Светско првенство, бевме блиску до такво нешто на СП во Катар кога игравме бараж во кој ја елиминиравме Италија, па загубивме од Португалија. Патот е тежок, но подготвени сме да одиме чекор по чекор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ