понеделник, 28 октомври 2024

Шестмина велешани кривично ќе одговараат за нелегална сеча на дрво за огрев

Шест жители на велешкото село Бузалково вчера се приведени од полицијата додека нелегално сечеле дрва за огрев.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 16 часот во атарот на велешкото село Сопот полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода Т.С., Е.И., Џ.И., М.Ј., Х.С. и С.С., сите од село Бузалково, велешко.  

„Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво“, соопшти МВР.

Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство.

„Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведува МВР во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ