недела, 20 октомври 2024

Шести ден војна: 300.000 резервисти кај Газа, Израел бара ослободување на заложниците (ВИДЕО)

Во тек е шестиот ден од конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хамас, а според официјалните информации досега загинале над 1.200 Израелци и над 1.200 Палестинци. ОН соопштија дека повеќе од 338.000 жители на Газа се раселени. Израелскиот министер за одбрана се заканува дека „ќе го избрише Хамас од лицето на земјата“. Израел собра 300.000 резервисти во близина на границата со Газа за потенцијална копнена инвазија. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во посета на Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Единствената електрана во Газа е затворена, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија на територијата, како и стоки – вклучувајќи лекови, храна, гориво и вода.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги критикуваше акциите на Израел, велејќи дека сега е потребен „брз и непречен хуманитарен пристап“.

САД преговараат со Израел, ОН и Египет за можноста жителите на Газа безбедно да ја напуштат областа, соопшти Белата куќа. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа отпатува за Тел Авив.

Израелската армија вчера соопшти дека стотици илјади војници во близина на Газа се „подготвени да ја извршат мисијата“, а главното прашање е дали ИДФ ќе влезе во Газа по копно или ќе продолжи со воздушните напади.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Израел.

Во својата кратка посета, Блинкен ќе се сретне со израелските власти и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинското политичко раководство е длабоко поделено меѓу партијата Фатах на Махмуд Абас на Западниот Брег и нејзините исламистички милитантни противници Хамас, кој го контролира Појасот Газа.

Во исто време, Белата куќа ги повлече коментарите на американскиот претседател Џо Бајден дека „видел“ слики од бебиња обезглавени од Хамас.

Израелски министер: Нема струја и вода додека не се ослободат сите израелски заложници

Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац, рече дека опсадата на Газа нема да заврши додека „израелските заложници не бидат ослободени“.

Во објава на социјалните мрежи, Кац рече дека „нема да се вклучи ниеден електричен прекинувач, нема да се отвори ниеден хидрант за вода и нема да влезе ниеден камион со гориво“ додека „киднапираните“ не се ослободат, пренесува Би-би-си.

Во средата Израел формираше воена влада, вклучувајќи го и опозицискиот претставник Бени Ганц, за да ги фокусира сите сили на војната против Хамас. Министерот за одбрана Јоав Галант вети дека „ќе го збрише Хамас од лицето на Земјата“. Израел собра 300.000 резервисти во близина на границата со Газа за потенцијална копнена инвазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ