недела, 20 октомври 2024

Шефот на Вагнер до рускиот министер за одбрана: Дојди во Бахмут, имаш големо воено искуство

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска објави писмо во кое цинично го повикува Шојгу да го посети Бахмут.

„Почитуван Сергеј Кужугетович,

моментално, единиците на приватната воена компанија Вагнер контролираат повеќе од 95% од населбата Бахмут и продолжуваат со офанзивните операции со цел целосно ослободување. На крилата на Вагнер, каде што се лоцирани силите на Оружените сили на Руската Федерација, непријателот започна серија успешни контранапади.

Имајќи ја предвид моменталната тешка оперативна ситуација, како и вашето долгогодишно искуство во борбени операции, ве повикувам да дојдете на територијата на Бахмут, која е под контрола на паравоените сили на Руската Федерација, и самостојно да ја процените сегашната ситуација. Однапред ви благодарам, ја очекувам вашата согласност“, се вели во писмото до рускиот министер што Пригожин го објави денеска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ